Александар Овечкин го постигна 741-от гол во кариерата и се изедначи со Брет Хал на четвртото место на вечната листа на стрелците во Националната хокеарска лига на Соединетите држави и Канада.
36-годишниот руски репрезентативец до крајот на сезоната во НХЛ има реални шанси да го престигне и Јаромир Јагер . Чешката легенда е на третото место кај стрелците со 766 голови.
Рекордот го држи Вејн Грецки со 894 погодоци пред Горди Хови со 801.