Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Параолимписките игри во Пекинг без спортисти од Русија и Белорисија
    Меѓународен микс

    Параолимписките игри во Пекинг без спортисти од Русија и Белорисија

    risteBy riste03/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На спортистите од Русија и Белорусија им е забрането да се натпреваруваат на претстојните Параолимписки игри во Пекинг, еден ден откако првично беше објавено дека ќе можат да се натпреваруваат, но под неутрално знаме, објавија светските агенции.

    Поради улогата на двете земји во воениот конфликт во Украина, спортистите од Русија и Белорусија се отстранети од спортскиот форум во кинеската престолнина, објави Меѓународниот параолимписки комитет (ИОК). Поништувањето на одлуката доаѓа помалку од 24 часа по објавувањето во средата. Денес беше објавено дека многу спортисти најверојатно ќе одбијат да се натпреваруваат против спортисти од Русија и Белорусија, што би предизвикало хаос на Параолимписките игри и ќе му наштети на угледот на натпреварувањето.

    Претседателот на Параолимпискиот комитет, Ендрју Парсонс, пред некој ден изјави дека сочувствува со украинскиот народ, но неговите постапки биле диктирани од правилата на организацијата и стравот од правна постапка. Тој го кажа речиси спротивното: „Во последните 12 часа не контактираа огромен број членови. Ни беше кажано дека ако не ја преиспитаме одлуката, најверојатно ќе има сериозни последици“, рече Парсонс.

    На овој начин, Меѓународниот параолимписки комитет се приклучи на спортови како фудбал, атлетика, кошарка, хокеј и многу други, со што се наметна целосна забрана за настап на спортисти од Русија и Белорусија. Зимските параолимписки игри започнуваат во петок 4 март и ќе траат до 13 март.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Верстапен не е задоволен од второто место

    20/03/2023

    ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик

    20/03/2023

    Алонсо ја критикува ФИА

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.