Италијанецот Доминик Парис го освои денешниот Супер-Џ во Андора кој беше дел од Светскиот куп во алпски дисциплини, откако вчера триумфираше во спуст. Резултатот на Парис, беше 1:20,42 минути и зад себе ги остави
Мауро Кавијзел од Швајцарија, кој заостана 0,15 секунди, а трети се пласираше Винсент Крихмајер од Австрија со заостанување од 0,44 секунди.
Со денешната победа Парис, е Светски шампион во оваа дисциплината и го освои и малиот Кристален глобус бидејќи Парис има 430 бода, а потоа Крихмајер (Австрија) со 346 поени. Во генералниот пласман оваа сезона води
Марсел Хиршер (Австрија) 1508 поени пред Алекси Пинтуру (Франција) 999 поени и Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 988, додека Парис е на четвртото место со Париз 950 освоени поени.