Сезоната во Мото Гран При шампионатот во 2023 година нема да започне традиционално на Блискиот Исток бидејќи патеката Лусаил во Катар ќе мора да се реновира.
Гледано од 2007 година, таму беа првите возбудувања во кралската класа освен во 2020-та кога пандемијата со Ковид-19 ги натера челниците да направат промени во календарот.
Реновирањето на патеката Лусаил ќе се фокусира главно на периферијата. Планирани се нови фан зони и промени на постоечката инфрастуктура.