Поранешниот Формула 1 возач, Педро де ла Роса, бара шпанските фанови да престанат да „живеат во минатото“ и да се обидат да го ценат фактот дека имаат двајца сонародници во светскиот шампионат: Фернандо Алонсо и Карлос Саинц.
„Изгледа дека во Шпанија луѓето живеат со спомените од 2005, 2006, 2007 година, кога Алонсо освои две титули во три сезони а потоа одат директно во 2010 и 2012 година“ – изјави Де ла Роса.
„На реалноста мораме да гледаме од друг агол. Неверојатно е за која било земја да има возач во Ф1 а ние имаме двајца одлични“ – вели Роса.