Возачот на Ред Бул во Формула 1, Серхио Перез, изјави дека е пријатно изненаден од однесувањето и поддршката на Алекс Албан кој е сега поставен како резервен пилот додека Мексиканецот седна во болидот на неговото место.
„Мислам дека имаме навистина добар тим. Тоа што го направи Макс беше навистина убаво за гледање. Заслужи да победи во Азербејџан, имаше совршен викенд. Тој едноставно немаше среќа“ – рече Перез.
„Алекс, работи многу во симулаторот со инженерите. Се сеќавам кога дојдов тука, не очекував дека ќе биде толку отворен со мене. Сепак, тој ми ги објасни сите проблеми што ги имаше, како работи автомобилот и тоа беше навистина убаво. Јас навистина го ценам тоа и работата што ја работи секој викенд! “,-вели Мексиканецот.

