Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е победник на трката за ГН на Сингапур која се возеше викендов на патеката „Марина Беј“ во Сингапур.
Мексиканецот впиша голема победа откако дојде до првата позиција, а во последните кругови успеа да ги одбие нападите на Шарл Леклер кој заврши на втората позиција. Третото место му припадна на уште еден возач на Ферари, Карлос Сајнц. За Перез ова беше втора победа во 2022 година, или вкупно четврта во кариерата.
Бодови уште освоија, Норис, Рикардо, Штрол, Верстапен, Фетел и Хамилтон кој направи голема грешка во средината на трката и мораше да влегува во бокс, по што го загуби добриот пласман.
Следната трка е за ГН на Јапонија, а на неа Макс Верстапен може да ја потврди титулата шампион во Ф1.