Возачот на Мекларен во Формула 1, Оскар Пјастри, очекува да биде конкурентен за титулата во 2025 година.
„Мислам дека ќе можам да се борам за титулата иако имам уште многу да напредувам. Стигнав до фаза кога во одреден период имам се што ми треба. Едноставно не ги искористувам ситуациите“ – вели Пјастри.
„Во 2025 година ќе биде важно да не грешиме бидејќи разликите се мали. Мислам дека го имам потребното и треба постојано да го користам тоа“ – рече Пјастри.

