Домаќинот на ЛОИ во Париз, потврди дека квалитетот на водата во реката Сена е на посакувано ниво и дека денеска ќе бидат одржани тренинзите за пливачкиот маратон.
Тие требаше да бидат во текот на вчерашниот ден но, беа одложени бидејќи нормата за загадување на водата не ги исполнуваше условите.
Маратонското пливање е закажано за утре и задутре доколку не се појават нови проблеми со водата.

