Линдзи Џакобелис, која во 2006 година во Торино беше на неколку метри од деби златен медал во женската трка во крос-кантри на Олимписките игри, конечно ги надмина своите олимписки кошмари и стигна до Олимпискиот врв.
Американката, една од најголемите ѕвезди во спортот со вкупно шест светски титули, имаше само еден олимписки сребрен медал од Торино. Во Италија водеше убедливо во финалето, но направи грешка на последниот скок, и при приземјувањето падна. Тоа и овозможи на Швајцарката Тања Фриден да триумфира, а за Џакобелис остана среброто.
Денеска немаше такви настапи во Пекинг и таа бескомпромисно триумфираше во финалната серија, иако во еден момент за малку ќе загубише рамнотежа по лесниот контакт со Клои Треспјуш. Французинката се обиде да ја помине од внатрешната страна, но не успеа и мораше да се задоволи со среброто.
Бронзата и припадна на Канаѓанката Мариета Один.
Големата ѕвезда на крос-кантри скијањето, олимписката шампионка 2018 од Пјонгчанг, Микела Мојоли, која утрото беше најбрза во квалификациите, не успеа да го одбрани златото откако беше елиминирана во својата полуфинална серија.

