Мексиканецот Серхио Перез од Расинг Поинт стана првиот возач во Формула 1 што победил на трка со комплетирање на првиот круг на последната позиција.
На ГП на Бахреин, Перез се судри во првиот круг со возачот на Ферари, Чарлс Леклер, што го принуди да направи непланирано возење во боксот и да се врати на самиот крај на колоната болиди. Но, на крајот Мексиканецот успеа да дојде на врвот и да ја извојува својата прва победа во Ф1 шампионатот.

