Хидилин Дијаз, која победи во кревање тегови на Игрите во Токио, го донесе првото злато за Филипини кога станува збор за Летните Олимпијади. Таа со подигнати 127 килограми постави и олимписки рекорд во нејзината категорија. Нејзината земја за сензационалниот успех ќе и подари нов дом и парична награда од 660.000 долари.
Бермуда со популација од само 63.000 жители, стана најмалата нација или територија која освоила олимписко злато откако Флора Дафи славеше во триатлонот на Олимписките игри во Токио. Среброто го освои Британката, Џорџија Тејлор-Браун а бронзата, Кејти Заферес од САД.
Рикарда Функ од Германија го освои златото во кајак за жени на Олимписките игри во Токио со што и го донесе првиот златен медал на нејзината земја на Игрите во Јапонија. Среброто го обезбеди Мајален Куро (Шпанија) а бронзата Џесика Фокс (Австралија).