Манчестер Јунајтед ќе има ограничен буџет за зимскиот преоден рок. Според информациите на „Дејли Мејл“, клубот од „Олд Трафорд“ ќе му стави на располагање на Маурисио Покетино буџет од 50 милиони фунти за засилувања во јануари, што значи дека аргентинскиот стратег ќе мора внимателно да ги избира потенцијалните нови играчи.
Планот е да бидат ангажирани најмногу двајца фудбалери, при што едниот би можел да пристигне на позајмица. Приоритети се левата бековска позиција и нападот, каде што Покетино сака дополнителни опции.
Сепак, англиските медиуми не ја исклучуваат можноста раководството да го зголеми буџетот доколку опасноста од испаѓање од Премиер-лигата стане реална. Финансиските ограничувања и новите правила на англиската лига засега сериозно ги стеснуваат можностите на „црвените ѓаволи“.
По убедливиот пораз од Ливерпул (0:4) во дебито на Покетино, Манчестер Јунајтед се наоѓа во исклучително тешка ситуација, а аргентинскиот тренер ќе мора најпрво да се обиде да го стабилизира тимот со играчите што веќе ги има на располагање.

