Норвежанецот, Јирген Грабак, го освои златото во нордиска комбинација на ЗОИ во Пекинг. Тој по скоковите беше на 12. место, но, во крос-кантри имаше одличен финиш. Второто место му припадна на неговиот сонародник, Јенс Лураас додека со бронзата се накити Акито Ватабе од Јапонија.
Женската штафета на Канада во брзо лизгање триумфираше на Зимските олимписки игри во Пекинг. Канаѓаните до златото стигнаа со време од 2:53.44 минути што е нов олимписки рекорд. Среброто го освои екипата на Јапонија додека со бронзата се закити Холандија. Во машка конкуренција победи Норвешка пред Русија и Соединетите Американски Држави
Селекцијата на Швајцарија ја совлада Чешка со 4:2 и си обезбеди место во четвртфиналето на машкиот хокеарски турнир на Олимпијадата во Пекинг. Претходно меѓу најдобрите осум се пласираа и селекциите на Словачка и Данска. Последниот учесник во топ 8 ќе го даде мечот меѓу Кина и Канада.