Боксерскиот промотер Еди Херн го откри следниот, а можеби и последен, противник на украиснкиот тешкаш, Александар Усик. Со оглед на тоа што Украинецот сега има 39 години, тој се ближи кон крајот на својата кариера, и иако јасно стави до знаење дека сè уште нема да се пензионира, неговата следна пресметка ќе биде еден од неговите последни настапи на главната боксерска сцена.
Усик има непоразен професионален рекорд од 25 победи и до неодамна ги држеше појасите на WBA „супер“, WBC и IBF, но на 26 јуни објави дека ќе се откаже од своите појаси.
Иако не е јасно дали неговата следна борба навистина ќе биде и последна, Еди Херн го откри неговиот следен противник. Зборувајќи за DAZN, англискиот промотор изјави дека следната борба на Усик ќе биде со Деонтеј Вајлдер.
„Како што знам, Усик ќе се бори против Вајлдер“, изјавил Херн.

