По синоќешните дуели и официјално се познати двојките за ¼-финалето од плејофот на новиот внатресезонски НБА турнир.
Во Источната конференција Милвоки ќе игра со Њујорк, додека Индијана ќе се сретне со Бостон. Во Западната конференција Лејкерси ќе се сооча со Феникс, додека Сакраменто ќе игра со Њу Орлеанс.
Четвртфиналето ќе се игра на 4 до 5 декември. Екипите наведени први во паровите ќе бидат домаќини. Одлучувачките натпревари на турнирот ќе се одржат во Лас Вегас (полуфинале на 7 декември, финалето на 9 декември).
На турнирот 30 екипи беа поделени во шест групи во рамките на конференциите на кои припаѓаат. Екипите одиграа по четири натпревари, а победниците од секоја група и двете најдобри второпласирани се пласираа во четвртфиналето.