Украинската триатлонка, Јулија Елистратова, е суспендирана од Олимпијадата под сомнение за допинг, соопштија организаторите.
Во примерокот на 33-годишната олимпијка земен на 5 јуни, била пронајдена забранета супстанца, информираше Светската унија на триатлон. Писмото пристигна пред три дена во ИОК.
Елистратова има право да побара отворање на нејзиниот Б примерок и да ја оспори казната за времено суспендирање пред Спортскиот суд. Таа денеска требаше да се натпреварува на Олимпијадата.