Олимпиецот од Хонг Конг, Чун-Ка Лун, направи вистинска сензација освојувајќи ја олимписката титула во дисциплината мечување на ЛОИ во Токио.
24-годишниот Лун го победи Италијанецот, Даниеле Гароцо, со 15-11, со што го спречи да ја одбрани титулата од Игрите во Рио де Жанеиро. Тоа е историски прв медал за Хонг Конг во мечување или вкупно гледано само второ олимписко злато во историјата на земјата.
Чун-Ка Лун беше носител на знамето за неговата земја на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Досега тој немаше освоено индивидуална награда на голем турнир.