Во Олимпиското село во Токио на шест денови пред отворањето на Игрите е откриен првиот заразен со корона-вирус.
Тоа го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто. Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист.
Бројот на заразени од Корона вирусот во Јапонија во изминатата седмица е најголем во последните шест месеци. Олимпијадата во Токио треба да биде свечено отворена на 23 јули и ќе трае до 8 август.