Над 120 претставници од Меѓународниот олимписки комитет, спортските федерации и индустријата за video-игри учествуваа на Форумот на издавачи, означувајќи пресвртница во подготовките за револуционерниот настан, Олимписките е-спорт игри кои треба да се одржат во 2027 година во Ријад, Саудиска Арабија.
„Нашата цел е да развиеме натпреварувачки формат што ги одразува вредностите на олимпизмот, а воедно се прилагодува на современите платформи и јазици“, објаснија организаторите.
Одлуката за основање на Олимписките е-спортски игри беше донесена во јули 2023 година за време на 142-та сесија на МОК.

