Бугарскиот професионален боксер, Кубрат Пулев, откри дека планира да има меч во САД до крајот на годинава.
„Планираме меч во САД , но, не сакам да зборувам за можните ривали. Не сакам да ја матиме водата и да ги загрижуваме луѓето. Кога ќе се знае конкретно, ќе го објавам тоа. Мојот брат Тервел треба да боксува во август или септември, но, не можам да кажам кој ќе му биде противник“ – рече популарниот, Кобра.
Пулев денеска ги посети училиштата во Софија и беше дел од проектот за садење на млади дрвца.