Трката во Формула 1 реализирана на патеката во Шпанија ќе остане во лошо сеќавање на луѓето од Ферари.
Нивните болиди ја немаа потребната брзина, гумите на Пирели не одговорија на условите на патеката а Кими Раиконен не успеа да ја помине целта бидејќи имаше проблеми со моторот. Запрашан дали е изненаден од враќањето на Мерцедес на победничките патеки, Раиконен одговори.
„Тие беа многу блиску до нас, мислам дека среќата ги следеше во Барселона. Можеби беа подобри поради патеката или во прашање е нешто друго, ќе видиме понатаму“ – изјави Раинокен.