Германецот, Томас Ролер, нема да ја брани олимписката титула на Игрите во Токио во фрлање копје поради повреда на грбот.
29-годишниот атлетичар кој се повреди на еден од тренинзите, направи неуспешен обид да се врати на националното првенство и беше принуден да се повлече од настанот.
„Морам да го слушам моето тело затоа што сакам да продолжам да се натпреварувам на високо ниво уште неколку години. Со учество на Олимпијадата ќе ризикувам премногу” – изјави европскиот шампион од 2018 година кој ја освои титулата на ЛОИ во Рио во 2016 година.

