Македонската џудистка, Арбреша Реџепи, доживеа елиминација во првото коло на Летните Олимписки Игри во Токио.
Таа во категоријата до 52 килограма загуби од Британката, Челзи Жил, за нешто помалку од една минута. Од нашите претставници досега настапија, Борјан Бранковски и Филип Деркоски а нареден што ќе се појави во арените ќе биде Дејан Георгиевски во таеквондо во категоријата до 80 килограми.
Неговата прва борба ќе биде на 27 јули во 03:15 часот.