Одложувањето на Игрите во Токио ги зголеми трошоците за 2,8 милијарди долари со што вкупната сума достигна 15,4 милијарди долари.
Со тоа Олимпијадата во Јапонија ќе биде најскапа во историјата. Во Токио ќе има 33 спортови со 339 дисциплини а натпреварите ќе се одржуваат во 42 борилишта, од кои осум се новоизградени.
На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат околу 12.500 натпреварувачи.