Шпанскиот возач Фернандо Алонсо и официјално ќе направи кам-бек во Формула 1 од сезоната 2021 и ќе се врати на местото каде добро се чувствуваше.
Неколку дена се шпекулираше за враќањето на Шпанецот на добро познатото место, а од денес ова вест ја доби својата официјализација, откако клубот на Рено потврди дека во новата сезона ќе сметаат на услугите на големиот шампион. Искусниот Ф1 возач ќе дојде во редовите на францускиот тим на местото на Даниел Рикиардо, кој ќе се пресели во Мекларен.
Фернандо Алонсо ќе има 39 години, а со Рено ги имаше најголемите успеси во Ф1-кариерата и освои две шампионски титули. Шпанецот го напушти Ф1 шампионатот во 2018 година, но по неколку години повторно ќе седне во Ф1 болидот на Рено.