Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Репрезентациите на Русија и Белорусија нема да учествуваат на СП во хокеј на мраз во 2022 година
    Меѓународен микс

    Репрезентациите на Русија и Белорусија нема да учествуваат на СП во хокеј на мраз во 2022 година

    risteBy riste01/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Репрезентациите на Русија и Белорусија нема да учествуваат на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи во 2022 година, соопшти Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF).

    „Управниот одбор на ИИХФ одлучи да го суспендира учеството на сите руски и белоруски репрезентации и клубови во секоја возрасна категорија во сите натпревари или настани на ИИХФ до понатамошно известување“, се вели во соопштението. Светското првенство за мажи ќе се одржи од 13 до 29 мај 2022 година.

    Исто така, руските хокеари нема да играат на светското првенство до 18 години (21 април – 1 мај) и до 20 години. Женската репрезентација на Русија ќе го пропушти Светското првенство (26 август – 4 септември), како и тоа за девојчиња до 18 години.

    Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) и ја одзеде на Русија организацијата на Светското првенство за млади во 2023 година. Оваа одлука е донесена во врска со настаните околу Русија и Украина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Квартараро има проблеми со моторот

    01/04/2023

    Холанѓанецот дојде до пол-позиција

    01/04/2023

    Хорнер: Макс е неверојатен возач

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.