Даниел Рикардо не верува дека има шанси да се бори за титулата во Формула 1 иако има еднаков број на победи со главните фаворити, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.Пилотот на Ред Бул во изминатиот викенд во Монако го забележа вториот сезонски триумф и се проби на третото место во генералниот пласман веднаш зад Хамилтон и Фетел.
„Луис има прилично добра предност. Јас нема да го променам начинот на возење. Во Монтреал ќе биде интересно. Ќе се обидам да се искачам на подиумот“ вели Рикардо.
„По летната пауза ќе не очекува борба на три тима, Ферари е секако во предност, но, Ред Бул ќе добијат надградба на моторот на Рено. Очекувам навивачите да гледаат интересни трки“ – вели Рикардо.