Даниел Рикиардо од тимот на Ред Бул е победник на трката за ГН на Монако со што дојде до втора победа оваа сезонае во Формула 1 шампионатот.
Австралиецот се израмни по бројот на победи оваа година со Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, кои беа во негово друштво на подимуот во Монако.Рикиардо ја најави оваа победа со поол позицијата која ја имаше во вчерашните лвалификации и покажа дека неговиот Ред Бул болид добро се снаоѓа низ улиците на Монте Карло.
Тој тргна прв од стартот и на крај ја задржа предноста пред Германецот од Ферари најмногу благодарение на тактиката со едно застанување во боксот и неможноста за претекнување на тесната патека. Луис Хамилтон, ја освои третата позиција со што остана на врвот во генералниот пласман. Вториот пилот на Ферари, Кими Раиконен го освои четвртото место, а Валтери Ботас од Мерцедес заврши веднаш зад него.
Следната трка од Ф1 шампионатот се вози за две недели на патеката во Монтреал за ГН на Канада.