Ф1 тимот Ред Бул денеска потврди дека Даниел Рикиардо ќе ја започне следната трка во Италија од последното место, а причина е промената на моторот која ќе биде направена за оваа трка.
Тимот направил проценка дека токму патеката Монца е таа на која треба да се проба новиот мотор на Рено.
Вториот возач, Макс Ферстапен ќе добие нови компоненти, но со оглед на правото на неколку промени, ќе мине без казна.