Кошаркарите на Хјустон израмнија во финалната серија на Западот откако синоќа славеа со 127-105 над Голден Стејт и израмнија на 1-1. Домашните одиграа скоро перфектен меч, а од крајот на првата четвртина, па се до крајот беа во константна предност, кој во последниот период се искачи и на највисоки +29.
Најзаслужни за блескавиот резултат беа Ерик Гордон, ПЈ Такер и Тревор Ариза, кои навистина имаа извонредна вечер, иако први ѕвезди на тимот и синоќа беа Харден кој реализираше 27 поени и 10 скока, како и Крис Пол кој мечот го заврши со 16 поени. Одлични 27 поени имаше и зад името на Гордон, додека Такер постигнаа 22.
Кај поразените, Кевин Дјурант реализираше 38 поени, но комплетно потфрли Кари кој иако постигна 17 поени имаше очаен шут за три поени погодувајќи само една тројка во 8 обиди.