Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг го прокоментира инцидентот кој се случи меѓу неговиот поранешен тимски колега Луис Хамилтон и пилот на Ферари Себастијан Фетел во првиот круг од трката за Големата награда на Италија.
Според него, грешката лежи целосно кај германскиот пилот.
„Мислам дека за случајот 100% е виновен Себастијан. Тој отиде во аголот премногу длабоко, се судри со Луис и како резултат на тоа го заврти. Не беше многу добро. Не можам да верувам дека тој повторно и повторно прави грешки“, вели Розберг.
Победа на Италијанското гран за Луис Хамилтон ја зголеми предноста на Британецот во однос на Фетел на 30 поени.