Двократниот олимписки шампион и воедно светски рекордер на 800 метри, Дејвид Рудиша, кој се соочува со повреда, нема да се појави на митинзите пред јули, објави денеска неговиот менаџер.
Првично, Кениецот ја разгледуваше можноста да стартува во Дијамантската лига во Шангај, но, таа опција дефинитивно отпадна. Последниот настап на Рудиша беше на 4 јули во изминатата година. Тој во 2017-тата не се појави и на Светското првенство во Лондон а и годината претходно имаше серизони здравствени проблеми.
Рудиша откако го пропушти отворањето на Дијамантската лига во Доха на 4 мај, нема да настапува и в сабота во Шангај, потоа во Рим (31 мај) и во Стокхолм (10-ти јуни). Според сегашните прогнози, црномурестиот атлетичар прв пат во сезонава ќе се појави на патеката од 800 метри на 21 и 22 јули во Лондон.