Возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, доби казна за судирот со возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, на трката за Големата награда на САД синоќа во Остин.
Стјуардите, откако ги испитаа околностите на инцидентот, го прогласија Саинц за виновен за судирот и му изрекоа парична казна.
Бидејќи Саинц се откажа од трката по судирот со Антонели и не можеше да ја отслужи казната за време на трката, стјуардите пресудија дека Шпанецот ќе загуби пет позиции на стартната линија за следната трка, која ќе се одржи во Мексико Сити. На Саинц му беа доделени и два казнени поени.

