Голманот на Њујорк Ренџерс, Игор Шестеркин, испиша историја во НХЛ, постигнувајќи гол во победата над Тампа Беј со 5:1.
Русинот погоди на 2:34 минути до крајот, шутирајќи кон празната мрежа, и стана првиот голман во историјата на Ренџерс со постигнат гол, како и 18-тиот голман во НХЛ на кого му успеало тоа.
Шестеркин натпреварот го заврши со 24 одбрани, а победата беше негова 100-та на домашен терен со Ренџерс.

