Американката Микаела Шифрин забележа победа на велеслаломот во Линц, во рамки на Светскиот куп.
Шифрин, со ова докажа дека во моментов е една од најдобрите во овој спорт и ја прослави својата 63. победа во кариерата. Таа на подимот денес зад себе ги остави Марте Басино од Италија и Катарина Линсбергер од Австрија.
Ова беше успешен кам-бек на Микаела Шифрин која имаше 11-дневна пауза, а со денешниот триумф се искачи на второто место на „вечната листа“ по бројот на победи. Лидер на оваа листа секако е Линдзи Вон која има 82 победи.

