Скијачката од САД, Микаела Шифрин, се чинеше дека е исто толку изненадена како и другите откако го освои рекордниот 15-ти медал на Светското првенство во комбинација со нејзината партнерка, Бризи Џонсон.
„Беше брилијантен ден и на некој начин малку неочекуван бидејќи имаше неколку предизвикувачки недели и месеци. Да се излезе со Бризи и да се освои злато беше навистина неверојатно“ – рече Американката.
Ќе потсетиме дека Шифрин во изминатиот ноември претрпе потешка повреда во пределот на стомакот.
