Микаела Шифрин дојде до својата втората победа викендов, откако победи во супервелеслаломот како последна трка која се одржа во Банско во рамките на Светскиот Kуп. Американката победи на спустот во петокот, а вчера заврши четврта.
Денешниот супервелеслалом го заврши со време од 1:10.58 минути, а зад неа заврши Марта Басино со заостанување од 0,29 секунди. Италијанката исто така имаше успешен викенд, бидејќи во петокот заврши петта, а вчера слично како денес беше втора. На подиумот имаше место и за швајцарската скијачка Лара Гут, која ја заврши со време за 0,7 секунди послабо од Микаела Шифрин.
Микаела Шифрин е водечка во оваа дисциплина, како и во генералниот пласман каде што има голема предност пред Брињоне и Влхова.

