Денес на СП во алпско скијање на програмата беше спостот во женска конкуренција. Словенечката скијачка Илка Штухец го освои златниот медал и со тоа ја одбрани титулата во спуст од последното СП во Сент Мориц.
Таа зад себе ги остави Корин Сутер од Швацарија и Линдзи Вон од САД. Американката со денешната трка во шведскиот скијачки центар Оре стави крај на богата кариера, а заврши како трета и го освои бронзениот медал.
Поради лошите временски услови, организаторите на трката одлучија да ја скратат патеката, што на крај и помогна на Штухец да дојде до победа.Победничката на денешната трка имаше време 1.01:74, додека Сутер задоцни за 0,23 секунди, а Вон беше поспора за 0,49 секунди.