Швајцарката, Лара Гут-Бехрами, победи во денешната трка во Супер-Џи на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во италијанското зимско одморалиште – Кортина д’Ампецо .
Таа оствари време од 1:25.51 минута или за 34 стотинки побрзо од сонародничката, Корин Зутер, која го обезбеди сребрениот медал. Бронзата и припадна на Американката Микаела Шифрин.
Трумфот на Гут-Бехрами и го донесе првиот медал на Швајцарија на Светските првенства по пауза од цели 20 години или конкретно по успехот на Соња Неф во 2001-та кога победи во Ст. Морис во трката во веле-слалом.

