Руски тренер по бијатлон беше елиминиран од националниот тим откако било откриено дека и понудил на 17-годишна натпреварувачка да биде интимна со него а за возврат да и обезбеди место во селекцијата.
Министерот за спорт на локалниот регион, Роман Терушков, рече дека тренерот, Сергеј Тутмин и понудил на биатлонката „заштита и иднина во репрезентацијата”, ако ги прифати неговите услови.
Терушков објасни дека тренерот доби забрана да работи во спортот и дека е предаден на обвинителството. Терушков додал дека натпреварувачката ќе доби “целосна поддршка” и дека ќе ја продолжи кариерата.