Италијанката Софија Гоџа го освои супер велеслаломот од Светскиот куп во алпско скијање во францускиот зимски центар Вал д’Изер.
33-годишната Гоџа, олимписка шампионка во спуст од 2018 година од Пјонгчанг, ја заврши трката за 1:20,24 минути, забележувајќи го својот прв успех во сезоната и 27-ми во кариерата. Неодамна го освои спустот пред домашната публика во Кортина д’Ампецо, каде што ќе се одржат Зимските олимписки игри во февруари следната година.
Алис Робинсон (Нов Зеланд) беше втора со 15 стотинки зад победничката, додека легендарната Американка Линдзи Вон заврши трета со 36 стотинки задоцнување за победничката Гоџа.
По изминатите 13 трки од Светскиот куп, во генералниот пласман за Големиот кристален глобус сè уште води фаворитот Микаела Шифрин (САД) со 558 поени, која денес не учествуваше, пред Алис Робинсон од Нов Зеланд со 484. На третото место сега е Софија Гоџа со 372.
Во пласманот за малиот Светски куп во супер-велеслалом, Робинсон е на врвот со 180 поени, пред Гоџа со 160 и Вон со 110 бодови.
Следниата трка во Светскиот куп за жени е во Семеринг (Австрија) – велеслалом и слалом на 27 и 28 декември.

