Возачот од светската серија во Супербајк, Икер Лекуона, ќе го замени повредениот Алекс Маркез во составот на мото-тимот Гресини за претстојната трка за Големата награда на Унгарија.
Маркез доживеа сериозна несреќа на 17 мај на трката во Барселона, поради која прво го пропушти Гран При на Италија, а сега и трката во Унгарија.
Ова ќе биде првото Гран При на Лекуона во Мото ГП од 2023 година.

