Синоќа во римскиот амфитеатар на Верона Арената се одржа церемонијата на затворање, со која се одбележа крајот на 25. Зимски олимписки игри Милано-Кортина 2026, на кои учествуваа 2.891 спортист од 92 земји од целиот свет, вклучувајќи четири македонски олимпијци.
Церемонијата на затворање се одржа под темата „Убавина во движење“, како почит кон убавината на Италија, Верона и сите области каде што се одржуваа натпреварите на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, кои се протегаа на површина од 22.000 квадратни километри. Исто така, беше почит кон операта и уметноста, како и убавината на спортските перформанси.
Милано и Кортина д’Ампецо ќе бидат домаќини и на Параолимписките игри од 6 до 15 март, каде што спортистите ќе се натпреваруваат во шест спортови.

