Олимпискиот шампион и светски рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, на 13 мај ќе учествува во Дијамантската лига во Доха, објавија организаторите на натпреварот.
22-годишниот Швеѓанец, освојувач на сребрен медал на Светското првенство во Доха 2019-та, доминира во последниве години. Во 2020-та тој постави два светски рекорда за една недела – прво 6,17 м а потоа 6,18 за време на сезоната во сала.
Летото во Рим прескокна 6,15 метри, што е најдобар резултат во историјата на отворено. Во 2021 година, Дуплантис 14 пати ја помина границата од 6 метри.