Американскиот голф играч Тајгер Вудс го освои својот прв турнир по пауза од пет години по триумфот во Атланта.
42-годишниот голф играч ја постигна својата 80-та победа во својата кариера на ПГА турнејата и му требаат уште два трофеи за да го собори рекордот на Сем Снид. Во последниве години, Тајгер Вудс имаше проблеми со повреди, но и казни поради употреба на забранети супстанции.
По операцијата, тој речиси целосно ја пропушти претходната сезона, но оваа година постепено ја обнови својата форма. Тајгер Вудс е најпопуларниот голф играч, како и еден од најбогатите спортисти во историјата со повеќе од 1,5 милијарди долари заработени во кариерата.