Тереса Јохауг беше најбрза на трката на 15 километри во крос-кантри во Пекинг и го освои првиот златен медал на Зимските Олимписки игри.
Норвешката скијачка доминираше во текот на целата трка и заврши со време од 44.13 минути. Голема беше битката за среброто и бронзата, а во фото-финиш до второто место стигна Наталија Неприаева од Русија, додека третото место ѝ припадна на Тереса Стадлобер од Австрија со заостанување од само 0,3 секунди.
Во оваа дисциплина требаше да настапи и македонската олимпијка Ана Цветановска, но за жал организаторите го ограничија бројот на учеснички поради ковид-пандемијата.