Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон изјави дека нема намера да го промени тимот.
„Многу пати реков дека сакам да играм за Голден Стејт до крајот на мојата кариера. Преговорите за нов договор не се далеку. Но, мислам дека нашите интереси се совпаѓаат. Ќе бидам среќен да играм за ’Воините’ цела моја кариера“, изјавил Томпсон.
28-годишниот Томпсон веќе 7 години е дел од тимот, откако во 2011 година беше избран од Воините како 11-ти пик на драфтот.