Кошаркарите на Франција го совладаа така наречениот „дрим-тим“ на САД со 83:76 и го направија првото големо изненадување на Олимписките игри во Токио.
Фурние со 28 поени беше најдобар на натпреварот додека Нандо де Коло имаше 13 поени. Кај Американците се издвои Холидеј со 18.
Во другите мечеви, Австралија ја совлада Нигерија со 84:67. Италија ја победи Германија со 92:82 додека Чешка славеше против домаќинот Јапонија со 84:78.