Организаторите на шестата рунда од Светскиот шампионат во рели (WRC) кое ќе биде на Сардинија, ја објавија патеката во Алгеро. Градот на северо-запад од островот и Олбија на северо-источниот дел, наизменично се домаќини на големиот тркачки настан.
Должината на патеката е 266,48 километри а програмата ќе биде набиена во само два дена. Целта на пократкитe трки е да се намалат хотелските трошоци на тимовите.
Таму ќе се испроба новиот формат кој ќе стане стандарден во 2025 година. Релито Сардинија ќе се одржи од 30 мај до 2 јуни.